Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Во третиот квартал 2.184 закупи, најатрактивни Центар, Аеродром и Карпош

Просечната цена за закуп на метар квадратен станбен простор во општина Карпош…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Просечната цена за закуп на метар квадратен станбен простор во општина Карпош во третиот квартал изнесува 357 денари, во Центар 355, а во Аеродром 327, покажуваат денеска објавените податоци од Регистарот на цени и закупнини во третиот квартал годинава.

Од 1 јули до 30 септември евидентирани се вкупно 2.184 закупи. Најголем број, 787, се закупи на станови (36 проценти), по што следуваат закупите на деловни простори, 740 (34 проценти), на куќи, 300 (14 проценти). Закупите на земјоделско земјиште и шуми се 12  проценти од пазарот на закупи на недвижностите, односно  евидентирани се 258 закупи на ваков тип недвижност. 

Поголемиот дел, односно 70 проценти од закупите, припаѓаат на становите и деловните простори. Доколку се направи споредба на третиот квартал со вториот квартал од 2025 година каде што биле регистрирани 2.347 закупи, ќе се забележи дека во овој квартал има намалување за 163 закупи.

Реклама

Доколку се разгледаат закупите по временска рамка, може да се заклучи дека најголем број закупи се регистрирани во јули, односно 826, додека најмал број закупи има во август 614, а во септември се регистрирани 744 закупи.

Во  третиот квартал се закупени недвижности со површина од 2.570.158 метри квадратни со вкупна месечна закупнина од 61.020.446 денари. Најмногу е закупено земјоделско земјиште, додека  најголема цена на месечна закупнина имаат достигнато деловните простори.

Најголем број закупи се регистрирани во општина Центар и тоа 296 закупи, во општина Карпош 197 закупи и во општина Аеродром 142 закупи. Во општините Арачиново, Вевчани, Зелениково, Јегуновце, Центар Жупа и Чучер Сандево не се регистрирани договори за закуп на недвижности, а има шест општини со по еден закуп.

Во периодот од 1 јули 2025 година до 30 септември 2025 година, во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани вкупно 8.319 трансакции (вкупниот број на трансакции е збир од вкупниот број на купопродажби и вкупниот број на закупи). Споредбено со вториот квартал од 2025 година, во овој квартал има регистрирано 584 трансакции повеќе што укажува на раст на пазарот на недвижности во однос на обемот на тргување.