Реклама

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

Свет

Поранешниот француски претседател Никола Саркози почна да ја отслужува петгодишната казна затвор

Поранешниот француски претседател Никола Саркози влезе во затвор во Париз, откако судот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниот француски претседател Никола Саркози влезе во затвор во Париз, откако судот го осуди на пет години затвор за добивање средства за изборна кампања од режимот на покојниот либиски водач Моамер ел Гадафи. Саркози, кој беше претседател на Франција меѓу 2007 и 2012 година, е првиот поранешен лидер на земја од ЕУ што отслужува затворска казна и првиот француски повоен лидер кој завршува во затвор.

Саркози, заедно со сопругата Карла Бруни, ја напушти својата куќа во придружба на полицијата, а на социјалните мрежи објави дека „невин човек е затворен“. Пред неговиот дом се собраа стотици поддржувачи кои го скандираа неговото име и ја пееја француската химна. Саркози, кој има 70 години, ќе биде сам во ќелија поради безбедносни причини. Неговиот адвокат истакна дека затворот само ја зголемува неговата решеност да докаже дека е невин. Во пресрет на заминувањето во затвор, Саркози бил примен од актуелниот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата.