Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Општинската изборна комисија-Штип уверенијата на старо-новиот градоначалник, Јорданов и на 23 нови советници ќе ги врачи наредната недела 

Наредната недела се очекува официјално доделување на уверенијата за старо-новиот градоначалник на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наредната недела се очекува официјално доделување на уверенијата за старо-новиот градоначалник на Штип, Иван Јорданов, и на 23 новоизбрани советници, изјави денеска претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев. Тој вели дека претходно мора да заврши законскиот рок за приговори по изборите, кој истекува вечерва во 19 часот. По разгледувањето на евентуалните приговори, ДИК ќе го потврди резултатот и изборите ќе станат конечни. 

-Вчера во текот на вчерашниот ден Општинската изборна комисија до ДИК во Скопје ги достави сите оригинал 16 записници, од сите Избирачки места на територијата на Општина Штип, како и записникот за сумирање на резултатите за сите 80 Избирачки места, кои што беа доставени до ДИК, каде што од вчера таа ги објави и првичните резултати, што значи дека започнува да тече рокот од 24 часа за приговори кои што завршува денеска во 19 часот, а потоа ДИК ги разгледува сите пристигнати договори и потоа одржува седница, каде што до сите Општински изборни комисии доставува заклучок за конечност за изборите, каде што врз основа на тој заклучок самите Општински изборни комисии прават заклучоци за конечност за изборите. Очекуваме во текот оваа недела ДИК ќе ја завррши процедурата, каде што од народната недела ќе можеме и да ги доделеме и уверенијата на ново избраните советници, како на старо новиот градоначалник на Општина Штип, Иван Јорданов, изјави Вацев.

 Веднаш по доделувањето на уверенијата, следи  формирање на новата локална власт во Штип. 

Реклама

-Веднаш штом ќе и се доделат уверинија за избрани советници, законот предвидува во рок од 20 дена стариот претседател на Советот на Општина Штип, го свикува новиот Совет на Општина Штип, каде што се бира и претседател на советот, вели Вацев.