Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ има огромен успех и во општинските совети, освои 12 000 гласови повеќе во однос на локалните избори во 2021

ВМРО-ДПМНЕ  е апсолутен победник на локалните избори – покрај 33 избрани градоначалници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ  е апсолутен победник на локалните избори – покрај 33 избрани градоначалници во првиот круг, има огромен успех на советничките листи, со  550 избрани советници во советите на општините и Град Скопје, наспроти 232 за  СДСМ, 153 за ДУИ и 66 за Левица, изјави потпретседателот на владејачката партија Владо Мисајловски на прес-конференција.

Како што рече, граѓаните јасно покажале во кој правец сакаат да се движи државата и дека преферираат „политики на чесна работа, посветеност и одговорност и вистински луѓе на вистински места”.

-На овие избори ВМРО-ДПМНЕ освои 12 000 гласови повеќе на советничките листи  во однос на локалните избори во 2021 година. А во исто време, СДСМ изгубиле 111 000 гласови за советничките листи во однос на 2021. ВМРО-ДПМНЕ е партија со најмногу советници во 59 општини и градот Скопје, од кои во најголем дел има апсолутно мнозинство во советите, рече Мисајловски.

Реклама

Ги повика граѓаните да излезат масовно и  „да ја заокружат оваа огромна победа”, со поддршка на нивните кандидати за градоначалници кои влегуваат во втор круг на изборите.

На прашање во кои општини  е „најтесно” во трката во вториот круг, тој рече – „насекаде ќе се бориме да победиме” и дека максимално ќе продолжат со теренски активнисти.

-Да видиме како ќе се одвива изборниот процес, но мислам дека во скоро сите општини ќе победиме, додаде Мисајловски.

Во врска со изјавите во СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ имаат помалку освоени гласови во однос на парламентарните избори лани, одговори дека споредбата секогаш се правела со локалните.

– СДСМ бара некое свое алиби за нивниот дебакл. Граѓаните дадоа целосна, апсолутна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, 33 општини во првиот круг, што е повеќе од локалните избори во 2021 година, и јас им се заблагодарувам на граѓаните зашто ова е стимул плус за работа, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на коментарот од опозицијата  дека не е работа на ВМРО-ДПМНЕ да го повикуваат Венко Филипче да даде оставка како лидер на партијата, Мисајловски одговори: „Точно, нека си го гледаат својот двор, но, еве ги бројките каде што може да се види разлика од локални со локални избори”.