Реклама

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Прилози

Граѓаните заробени во смет, Скопје се дави во ѓубре, Арсовска бара виновници

Скопје се гуши во ѓубре. Контејнерите низ градот се преполни, отпадот се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје се гуши во ѓубре. Контејнерите низ градот се преполни, отпадот се таложи на тротоарите, а миризбата и глетката го прават секојдневието на скопјани сè понеподносливо. Иако граѓаните секојдневно апелираат, комуналните служби не го собираат редовно отпадот. Дел од скопјани причината ја гледаат во политичкиот инат на градоначалничката Данела Арсовска, која има помалку од две недели до истекот на мандатот.

Во меѓувреме, и градоначалничката и директорот на „Комунална хигиена“ молчат, без јасен одговор кога и дали ќе се нормализира ситуацијата. Телефонските линии на претпријатието се постојано зафатени, а од Град Скопје одговорноста ја префрлаат токму на „Комунална хигиена“.

„Надлежност за предметната активност има јавното претпријатие Комунална хигиена. Одлуките ги носат членовите на Управниот и Надзорниот одбор, кои ги избира Советот на Град Скопје“, велат од Град Скопје.

Реклама

Додека градот и надлежното претпријатие бегаат од своите обврски, граѓаните се борат да поминат по тротоарите борејќи се со расфрлани кеси..

Преполни контејнери расфрлано ѓубре и непријатна миризба. Ваква е состојбата во поглемиот дел низ градот во Скопје. Граѓаните се жалат дека отпадот не се собира со недели, а од надлежните засега нема ниту одговор ниту акција.

И додека институциите си ја префрлаат одговорноста, дел од скопските градоначалници, како Орце Ѓорѓиевски и Горан Герасимовски, самостојно се организираа и почнаа со чистењето со општинските екипи и камиони.