Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, клонот на Заев, ја руинира СДСM, историски дебакл на некогаш големата СДСМ

Филипче, клонот на Заев, ја руинира СДСМ, историски дебакл на некогаш големата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче, клонот на Заев, ја руинира СДСМ, историски дебакл на некогаш големата СДСМ. Дебаклот што се случи на локалните избори е знак дека СДСМ тоне во нивната ароганција, аздисаност и водење политики спротивно на интересите на народот, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

На локалните избори СДСМ освои околу 126 илјади гласови на советничките листи, што претставува убедливо најлош резултат во историјата. Или во број на советници, СДСМ има 230, што е за 2,5 пати помалку од ВМРО-ДПМНЕ. Споредбено со 2021 година, СДСМ имаат загубено околу 110 илјади гласови, а приближно 170 советнички места.

Да е трагедијата уште поголема, на неколку места во државата, СДСМ е трета, четврта и пак петта партија. Такви се случаите во Битола, Брвеница, Бутел, Дебарца, Карпош, Кисела Вода, Кочани, Брод, Могила, Долнени, Куманово, Шуто Оризари и градот Скопје.

Реклама

СДСМ си го изгуби и бастионот Струмица и тоа уште во прв круг, а тенденциите се дека ќе ги изгуби скоро сите општини каде се влезени во втор круг, токму од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, потребна е оставка од Филипче и итни реформи во СДСМ. Срамни се овие резултати на некогаш големиот Социјалдемократски сојуз. Нам ни е потребна опозиција која ќе биде коректив, а не опозиција водена од човек без кредибилитет, како Филипче.