Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Атанасовски: Реконструкција на градскиот базен и изградба на нова општинска зграда и Дом за стари лица во Македонска Каменица

Кандидатот за градоначалник на општина Македонска Каменица, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димчо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на општина Македонска Каменица, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димчо Атанасовски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека ќе продолжи развојот на општината со  многу проекти вклучени во програмата, со јасна визија за напредок, кои вклучуваат изградба на локални патишта како и реконструкција на многу објекти во општината.

„И во изминатите четири години реализиравме стотици проекти, во централното градско подрачје и во сите рурални средини. Денес сме град во кој ги имаме најубавиот спортски комплекс, најубавиот и комплетно осветлен кеј на река Каменичка, првата кула за рана детекција на пожари во државата, нови градски улици, водовод и канализација во секое населено место. Во изградба се десетина локални патишта во руралните средини, а она што ќе остане ќе го изградиме во првата година од новиот мандат. Започната е постапката за целосна реконструкција на Здравствениот дом во Македонска Каменица и наскоро ќе имаме нов репрезентативен објект“, рече Атанасовски.

Кандидатот за градоначалник на општина Македонска Каменица истакна дека ќе се реконструира Градскиот базен, но и дека се планира изградба на нова општинска зграда и  Дом за стари лица, за раст и развој на општината и подобар живот на сите жители.

Реклама

„Се насочуваме кон комплетна реконструкција на градскиот базен, кон доуредување на градскиот стадион, санација на сите општински објекти, е изградиме нова општинска зграда, ќе изградиме нов сместувачки и повеќенаменски објект, во непосредна близина на нашите училишта, ангажиравме експерти кои ќе ни подготват трајно решение за хуман третман на уличните кучиња, работиме на подготовка на документација за изградба на Дом за стари лица, за двојно ќе ја зголемиме поддршката за образовните институции и установи, затоа што нашите деца се нашата иднина“, вели Атанасовски.