Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Манчев: Асфалтиравме 40 улици во Босилово, во следниот период ќе се реконструираат уште 13

Во овој момент во општина Босилово се работи на асфалтирање на 5…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во овој момент во општина Босилово се работи на асфалтирање на 5 улици и тоа улица во село Сарај, улица во село Иловица , со средства обезбедени од Буџетот на Општина Босилово. И улица во Моноспитово, улица во Старо Балдовци, улица во Гечерлија, со средства обезбедени со поддршка на Владата на Македонија, се наведува во соопштението од изјавата на Ристо Манчев, кандидат за градоначалник на општина Босилово од ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓутоа, она што е најважно, покрај овие 5 улици на кои што се работи во моментот, важно е да се спомне дека Општина Босилово има потпишано договори со фирми изведувачи, и во наредниот период ќе бидат асфалтирани уште 13 улици во нашата општина и тоа: улица во Босилово од бетонскиот одводен канал до патот со Радово, потоа улица во Босилово од патот со Радово до Зоки Милев пилот, и трета улица во Босилово од Јоско Лазаров до Шолева Данка.

Покрај овие три улици, во Босилово ќе се асфалтира и улица во Дрвош, позади училиштето, улица во Петралинци и тоа улицата од мостот кај црквата до патот спојот со Старо Балдовци. Улица во Еднокуќево ќе се асфалтира исто така, кај Васко Жежов. Потоа улица во Робово кај Павле Пандев. Улица во Моноспитово отпочнувајќи од Славе Мишев до Душко Јованов. Потоа во Моноспитово, од Коцев Драги до Велешанов Мојсеј, и улици во Моноспитово од Ване Паунов.

Реклама

Продолжуваме со асфалтирање на улица во село Секирник или улицата кај Димо.

Понатаму продолжуваме со асфалтирање во Сарај и тоа улицата кај Каваџи, и улицата кај спортското игралиште, т.е фудбалскиот терен во село Сарај.

Нашата цел е во наредните две години во општина Босилово, да нема ниту една неасфалтирана улица. Секој граѓанин на општина Босилово, заслужува да има пристоен пат до својот дом. Затоа ве повикувам на 19 октомври да излезете и да го дадете својот глас за бројот 9, за да ја направиме општина Босилово пристојно место за живеење за секој еден нејзин граѓанин.