Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Сиљановска-Давкова: Вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцето

Денот на белиот стап е потсетник дека разликите не не делат туку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денот на белиот стап е потсетник дека разликите не не делат туку не зближуваат и прават побогати. Да создадеме и живееме во општество каде секој чекор, глас и допир се чувствува, оти има значење. Нема хендикепирани луѓе, има хендикепирано општество. Крајно време е од оваа држава да направиме пристојно место за сечиј живот, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на отворањето на настанот по повод 15 Октомври – Меѓународниот ден на белиот стап, организиран од Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ – Скопје.

Белиот стап, нагласи Сиљановска-Давкова, ја симболизира слободата и овозможува независност, но и обврска дека 4 илјади наши сограѓани заслужуваат наши конкретни чекори.

-Затоа денешниот ден не е само одбележување, тој не потсетува дека вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцето. Тој е повик до сите да ги отвориме очите и го видиме светот со емпатија. Да не заборавиме белиот стап симболизира достоинствен животен пат, но и обврска да создадеме градови што се пристапни и хумани, порача Сиљановска Давкова.

Реклама

Посакувам, порача Сиљановска-Давкова, сите да подаваме раце кога е потребно, да бидеме глас на оние што не се слушаат доволно, да бидеме светлина и да дадеме почит на сите оние кои со оштетен вид секојдневно ни покажуваат дека животот не се мери со она што го гледаме, туку со она што го чувствуваме.

Директорката на училиштето Александра Јаковчевска,  порача дека училиштето и ресурсниот центар „Димитар Влахов“ повеќе од седум децении е срцето на образованието на лицата со оштетен вид и симбол на независност и еднаквост.

– Белиот стап не е само помагало, туку инструмент што секое дете го учи на независност. Потребно ни е општество кое верува дека инклузијата не е процес, туку став. Нашата заедничка цел е едноставна, но суштинска, да живееме во земја каде Белиот стап не е симбол на немоќ, туку симбол на сила, порача Јаковчевска.

Образованието и раната рехабилитација на лицата со оштетен вид, нагласи Јаковчевска, е многу важна и според истражувањата значи и до 50 проценти поголема независност во секојдневниот живот за лицата со оштетен вид.

Славењето на 15 октомври како Меѓународен ден на белиот стап службено започнало во 1964 година. Истиот ден се одбележува и во нашата земја. Имено, белиот стап како симбол на слепите лица е воведен во 1981 година како би им го олеснил движењето на слепите лица меѓу автомобилите.

Националниот сојуз на слепите на Македонија формиран во далечната 1946 година, речиси 7 децении дејствува како национална, инвалидска, непартиска, непрофтина хуманитарна организација од особено општествено значење.