Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Шабан Салиу: Шуто Оризари повеќе нема да биде нечија приватна сцена, ќе биде ваша општина

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари од редовите на Демократските сили на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари од редовите на Демократските сили на Ромите(ДСР) д-р Шабан Салиу,  во видео порака до граѓаните повика на промена на политиката во оваа скопска општина и на избор на патека што носи конкретни резултати за граѓаните, се вели во соопштението од неговиот изборен штаб.

„Верувам дека нашите деца во Шуто Оризари заслужуваат повеќе. Токму затоа треба да ја направиме промената,“ порачува Салиу во видеото, нагласувајќи дека крајно време е да се напушти логиката „партија за функција“ и да се избере „патеката која води до конкретни дела“.

Во видео-обраќањето, Салиу нагласува дека довербата на граѓаните ќе ја враќа со мерливи резултати и отчетност во секој чекор.

Реклама

 „Не ветувам чуда, ветувам работа што се гледа и одговорност што се чувствува. По 19-ти октомври ќе зборуваат делата“, порачува Салиу.

Тој порача и дека општината мора да се врати кај граѓаните.

„Шуто Оризари повеќе нема да биде нечија приватна сцена, ќе биде ваша општина,“ упатува порака до жителите на Шуто Оризари, претседателот на ДСР и кандидат за градоначалник, д-р Шабан Салиу.

Салиу упатува и јасен повик за мобилизација на изборниот ден: „Заокружете го бројот 24 — НЕ ВЕТУВАМЕ, ОСТВАРУВАМЕ.“