Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Македонија

Меџити: Во Дуќанџик инвестиција од 2 милиони евра за модерна инфраструктура и достоинствени услови за жителите

Кандидатот на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, г. Изет Меџити, при…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, г. Изет Меџити, при инспекцијата на градежните работи во населбата Дуќанџик, информираше за најголемата инвестиција што оваа населба некогаш ја видела, нагласувајќи дека нејзината трансформација ќе биде пример за одржлив урбан развој, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

„Тука сме на инспекција на работите во населбата Дуќанџик, населба со околу 2 илјади жители, каде што започна целосна реконструкција на подземната инфраструктура, нов водовод, нова канализација, нова атмосферска мрежа која се поставува за првпат, како и целосно асфалтирање на сите улици и улички во рамки на населбата. Проектот е во вредност од 2 милиони евра, обезбедени од Министерството за животна средина, со кое управувам јас,“ изјави Меџити.

Меџити додаде дека развојот на населбата е проследен и со други значајни инвестиции за јавниот живот и локалните бизниси.

Реклама

„Тука во близина е и паркингот кај Конзерваторскиот центар, каде што подземниот паркинг веќе е отворен и има 70 нови паркинг места, во служба на бизнисите и на Чаршијата. Дуќанџик доживува преродба, развој каков што досега никогаш не сме виделе,“ нагласи Меџити.

Понатаму, Меџити најави дека инвестициите ќе го опфатат и образованието.

„Во близина се наоѓа и основното училиште ‘Јашар Беу’, каде што го исчистивме дворот и многу скоро ќе започнеме со изградба на спортска сала. Со изградбата на оваа сала, ова училиште ќе биде второ во Општина Чаир што ќе функционира во една смена и со целодневна настава,“ изјави Меџити.

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, го заврши инспекцискиот увид со порака дека Чаир влегува во нова фаза на урбан и социјален развој, каде секоја населба ќе има модерна инфраструктура, функционални јавни простори и повисоки стандарди на живот за граѓаните.