Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Просечната цена на струјата за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, во првото полугодие од годинава пониска за 8,7 отсто отколку во истиот период лани

Во првото полугодие од 2025 година, просечната цена на електричната енергија без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во првото полугодие од 2025 година, просечната цена на електричната енергија без ДДВ за крајните потрошувачи, со исклучок на домаќинствата, се движи од 5,611 до 15,403 денари за киловат час, зависно од групата на потрошувачи. Пресметаната просечна цена изнесува 7,945 денари за киловат час, што претставува намалување од 8,7  отсто во споредба со второто полугодие од 2024 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во првото полугодие од 2025 година изнесува 7,271 денари по киловат час, што претставува раст од 0,7 отсто во споредба со второто полугодие од 2024 година.

Просечната цена, пак, на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 881,518 до 1 538,014 денари за гига џул по групи на потрошувачи. Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата, пак, е 2 065,145 денари за гига џул.

Реклама

-Според групата на крајни потрошувачи, класифицирани според нивната просечна годишна потрошувачка: намалувањето, односно зголемувањето на цената на електричната енергија за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од пад од 13,7  до раст од 9,4  отсто. Зголемувањето на просечната цена на природниот гас за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 3,6  до 10,2 отсто, прецизираат од Државниот завод за статистика.