Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

МВР: Изминатиот викенд 1502 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 13 лица за безобѕирно возење

Од вкупно 1502 издадени платни налози за сообраќајни прекршоци во изминатиот викенд…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од вкупно 1502 издадени платни налози за сообраќајни прекршоци во изминатиот викенд (11 и 12 октомври),  958 биле за возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, наведува  Министерството за внатрешни работи во соопштение за сообраќајните контроли на патиштата низ земјава, спроведени од полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи. 

-Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик се 13 лица, од кои четири за возење под дејство на алкохол, четворица за возење со брзина поголема од дозволената во населено место и пет возачи за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, соопшти МВР. 

Еевидентирани се 97 прекршоци за неправилно паркирање, 122 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола и 47 санкции за возење под дејство на алкохол.

Реклама

-Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, санкционирани биле пет возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и двајца пешаци. Исто така, санкционирани се 43 учесници во сообраќајот коишто не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 33 возила биле отстранети од сообраќај поради тоа што биле нерегистрирани, а три поради техничка неисправност. Санкционирани се и пет возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии), информира Министерството за внатрешни работи.

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.