Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Минчев: Програмата за Кочани е резултат на директни разговори со граѓаните и нивните предлози за подобар, поуреден и поперспективен град

Генералниот секретар на Движење ЗНАМ – за Наша Македонија, Горан Минчев, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот секретар на Движење ЗНАМ – за Наша Македонија, Горан Минчев, денеска беше во посета на Кочани, каде даде силна поддршка на советничката листа на ЗНАМ под реден број 2, како и на натпартискиот кандидат за градоначалник, д-р Влатко Грозданов, стои во соопштението од ЗНАМ. 

Минчев во изјава за Радио Кочани истакна дека Движење ЗНАМ е партија од граѓаните и за граѓаните, која своите политики и програми ги темели врз основа на реалните потреби и идеи на луѓето. Програмата за Кочани, како што нагласи, е резултат на директни разговори со граѓаните и нивните предлози за подобар, поуреден и поперспективен град.

Тој повика кочанчани да ја дадат својата поддршка за носителот на советничката листа, Суад Мехмед, како и за целата советничка листа на Движењето ЗНАМ, под реден број 2, која, како што рече, ќе биде гласот на чесните, вредните и посветените луѓе во Советот на Општина Кочани.

Реклама

Минчев ја истакна  силната поддршка за натпартискиот кандидат за градоначалник, д-р Влатко Грозданов, кого го опиша како чесен човек, професионалец со визија и енергија за вистински промени.

„На 19 октомври, Кочани ќе избере нов почеток – со луѓе кои знаат, можат и сакаат повеќе. Со д-р Грозданов, Кочани ќе стане пример за чесно и одговорно управување.“ – порача Минчев во изјавата за медиуми.