Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Герасимовски: Заедно со граѓаните ја водиме општината, партиските интереси се на страна

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, потенцираше дека Центар е пример како треба да се води една локална самоуправа, без политика, со работа исклучиво во интерес на граѓаните, пишува во денешното соопштение на неговиот тим.

„Локалната самоуправа треба да се води исклучиво во интерес на граѓаните. Политиката треба целосно да се тргне настрана, така и постапувавме. Ние водевме сосема поинаков начин на функционирање во општината. Немаме мнозинство во Советот, но со домаќинско работење и добро менаџирање успеавме да покажеме дека сите добри предлози, без разлика од која советничка група доаѓаат ги вметнуваме во програмите и буџетите на општината, и потоа ги реализираме. Четири години немавме мнозинство, а претседателот на Советот е од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, функциониравме одлично“, рече Герасимовски додавајќи дека тоа било потврдено и од самите советници.  

Тој, истакнува дека е среќен што овие четири години заедно со граѓаните ја водел општината, и заедно со нив е направена новата програмата. 

Реклама

„Со нив ќе продолжиме да ја водиме општината и понатаму, а партиите и партиските интереси ќе бидат целосно отстранети од Советот“, вели Герасимовски. 

Герасимовски, потенцираше и дека неговата кампања не трае 20 дена, туку 4 години. 

„Ние сме постојано на терен, ние сме секојдневно со граѓаните. Заедно со граѓаните ги креираме програмите преку буџетски форуми, преку голем број на анкети, средби во маалата. Новата програма планираме од почетокот на ноември да ја спроведуваме“, додаде Герасимовски.