Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Мицкоски: Главна понуда на СДСM на овие избори е црна кампања и трикови, го вклучија дури и главниот трачер во друштвото Пендаровски, но ќе доживеат огромен дебакл

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  народниот митинг одржан во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  народниот митинг одржан во општина Крушево, во рамки на изборната кампања 2025 која е под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нуди реална програма и проекти а СДСM нуди празни ветувања и црна кампања и затоа ќе доживеат огромен дебакл на 19 октомври.

„Ние настапуваме со јасна и прецизна програма, а нашите противници настапуваат со демагогија, празни ветувања, со истите трикови и подземни коалиции. Нивната црна кампања е нивната главна понуда на овие избори. Па така тие во оваа кампања го вклучија и нивниот вистински лидер кој допатува директно од ДУБАИ, а во јавност се појавува неговиот заменик Венко. Покрај овој вистинскиот кој допатува од Дубаи во кампањата го вклучија и нивниот грамафон кој пишува текстови исклучиво во медиуми блиски до СДСМ, а кој ми порача дека ќе ме раситнел на делови и повика на линч, што самото тоа покажува колку страв и омраза има кај овие луѓе“ нагласи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека СДСM се толку исплашени од поразот кој им следи што во кампања го вклучиле и главниот трачер во друштвото Стево Пендаровски.

Реклама

„А од вчера го вклучија и поранешниот претседател и главниот трачер во друштвото Стево Пендаровски, кој пак кутриот на јавна сцена призна дека следел и знаел за прислушкувањето. Тој во настапот го опиша во детали пола мој работен ден, работи кои не се кажани никаде и кој може да ги знае само човек кој добивал извештаи за следење и притоа сакајќи да вметне некаков црв на сомнеж фрла светло дека луѓе блиски до мене ме кодошеле. И ме повикува јавно да сум кажел кои се тие луѓе. Јас не знам кој се тие луѓе и дали постојат, но знам дека во држава со сериозно обвинителство каде што владее законот тоа сериозно обвинителство треба уште утре Стево Пендаровски да го повика и да даде  изјава пред обвинител за ова кривично дело кое јавно го призна и би се водела постапка за неовластено следење на политичките конкуренти. Ете до толку се забегани и до толку одлепени од реалноста. И сите овие чекори покажуваат дека се силно уплашени, а тој страв е последица на тоа дека и тие знаат дека на овие локални избори  ги чека дебакл во низата  и тие не само што знаат дека нема да стигнат до власта туку се уплашени и за фотелјите во нивната сопствена партија. И тој страв им се гледа во секој нивен настап. А уште поголем страв им причинува фактот што ќе дојде ден кога ниту обвинителството, ниту ова распарчено судство кое Венко вели дека е професионално, ќе може да ги брани и заштитува. И правда ќе има. И само така Македонија ќе може да победи“ кажа Мицкоски.

Мицкоски ги повика граѓаните да излезат и на 19 октомври да гласаат за бројот 9 за подобра и просперитетна иднина.

„Ајде заедно да ја напишеме новата приказна на нашата татковина! Ајде да изградиме иднина со која ќе се гордееме! Ајде да покажеме дека кога сме обединети – никој не може да нè запре“, заклучи Мицкоски.