Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

ЗНАМ: 11 Октомври – Денот кога избравме храброст, а не страв

11 Октомври е дата врежана во националната свест, денот кога македонскиот народ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

11 Октомври е дата врежана во националната свест, денот кога македонскиот народ се исправи пред неправдата, денот кога избра храброст наместо страв, достоинство наместо покорност. На 11 октомври, 1941 година, започна борбата за слобода, еднаквост и државност, борба што ја втемели идејата за Македонија каква што ја знаеме денес. Ова е дел од празничната порака на претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, се наведува во денешното соопштение.

Лидерот на ЗНАМ потенцира дека секој 11 Октомври е потсетник за слободата која не е дадена, туку постојана одговорност да ја чуваме, да ја браниме и да ја надградуваме државата со дела, а не со зборови.

„11 Октомври не е само симбол на минатото, тоа е патоказ за иднината. Денес, нашата борба е поинаква, но суштината е иста. Денес имаме обврска и кон нашите претци, но пред сѐ кон нашите потомци, да изградиме достоинствена, праведна и просперитетна Македонија. Да создадеме држава во која младиот човек ќе има причина да остане, во која трудот ќе се вреднува, а правдата ќе биде достапна и еднаква за сите“, изјави Димитриевски.

Реклама

Движењето ЗНАМ постојано работи на остварување на визијата дека денес повеќе од кога било Македонија има потреба од единство и од политики што обединуваат, а не делат. Мора да ја оправдаме храброста на генерациите што се изборија за слободна земја бидејќи тоа е наш потсетник дека патриотизмот не се изговара, тој се докажува со дела, со чесна работа, со одговорност и со љубов кон својата татковина. ЗНАМ го продолжува тој завет – да создаде Македонија која ќе биде место на достоинство, знаење и можности.

На овој голем национален празник, движењето ЗНАМ упатува честитка до сите граѓани на Македонија со порака дека најголема победа е кога сме заедно, кога се гледаме во очи со почит и кога веруваме дека иднината не се гради со поделби, туку со заедничка волја и љубов кон татковината.

Да живее Македонија – горда, исправена и силна!

Да живее духот на 11 Октомври!