Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Пред Споменикот на револуцијата во Тетово се одбележа Денот на народното востание

Денот на народното востание денеска во Тетово се одбележа пред Споменикот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денот на народното востание денеска во Тетово се одбележа пред Споменикот на победата во организација на Сојузот на борци на Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија и гарнизонот при касарната „Кузман Јосифоски-Питу“.

Чествувањето започна со интонирање на македонската химна и едноминутно молчење во чест на сите загинати борци во Народно-ослободителната борба и припадници на АРМ и со полагање цвеќе пред Споменикот на победата (револуцијата).

На чествувањето беше прочитан и пригоден историски реферат за значењето на 11 Октомври.

Реклама

-11 Октомври е продолжување на Слободарските традиции на Македонскиот слободољубив народ, проникнати во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување. Со оваа одлука да пристапи кон антифашистичката коалиција, Македонскиот народ застанал на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилната негација на човековите вредности. Затоа Ве замолувам сите простум да ги чествуваме хероите кои со своите животи се заложија за слободата и ни ја овозможија државноста: Мирче Ацев, Кузман Јосифоски-Питу, Елпида Караманди, Стив Наумов, Естреја Овадија-Маре, Страшо Пинџур, Ибе Паликуќа, Ванчо Прќе, Борка Толески и многу други. Незаборав и Вечна слава на хероите но и ветување дека стоиме и ќе стоиме зад нивната жртва и почит кон нивното дело, беше посочено во рефератот.

На одбележувањето цвеќе пред Споменикот на револуцијата положија делегации на општинската организација на Сојузот на борци Тетово, Општина Тетово, од касарната „Кузман Јосифовски Питу“, Секторот за внатрешни работи Тетово, Сојуз на борци Гостивар, Резервни воени офицери, Музеј на град Тетово,  ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, Левица, Движење ЗНАМ-за наша Македонија, ВМРО Народна партија, Здружение на пензионери на Тетово, Здружение на Срби и Македонци, Македонско-Хрватско Друштво, Српска заедница на Регионален одбор Тетово.