Реклама

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Со молкот и неоградувањето на СДСМ и Филипче имаме легитимно право да сметаме дека се мотиватори на говорот на Тричковски

Поминаа деновите а од СДСМ ги нема да се оградат од морбидниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поминаа деновите а од СДСМ ги нема да се оградат од морбидниот говор на нивниот мегафон и гласноговорник, Бранко Тричковски.

Иако тој, јавно, на социјалните медиуми повика на ликвидација на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, СДСМ не гледаат за сходно да се дистанцираат од него или барем од неговиот конкретен повик за ликвидација, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Перјаниците на СДСМ повикуваат на смрт и парчосување на телото на претседателот Мицкоски, a Венко Филипче наместо да се огради од него и да ги осуди ова, молчи.

Реклама

Тричковски, кој на Фејсбук напиша дека најголем предизборен штос би бил кога во куфер би се напикало распарченото тело на Христијан, е човек којшто со години на социјалните мрежи и во јавниот дискурс го кажува тоа што СДСМ го мисли.

Филипче и СДСМ не може да се амнестираат од повикот на ликвидација и говор на омраза на Тричковски, затоа што тие со години го охрабруваат, поддржуваат и му даваат медиумски простор преку портали кои се блиски до нив.

Ова не е прв случај СДСМ и други нивни перјаници да се здружуваат околу Тричковски и да ликуваат на неговиот морбиден речник и тези, тоа го прават со години и грозоморен е нивниот сеир за повиците на смрт на претседателот Мицкоски.

Уште погрозно е како во недостаток на идеи и проекти преку нивните перјаници и мегафони, во оваа изборна кампања, СДСМ се впушти да прави тензии во општеството.

Дека ова е така го потврдува молкот на СДСМ и Венко Филипче и нивното неоградувањето од Тричковски, а со тоа имаме легитимно право да сметаме дека се директни мотиватори на ваквиот говор, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Затоа, на 19 октомври, граѓаните ќе им застанат на патот на ваквите деструктивни и морбидни политики кои создаваат тензии и со заокружување на број 9 ќе го направат вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина.