Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Шукова: Системска поддршка за жените и семејствата, прифатилишта и родово одговорно буџетирање за еднакво Скопје

Денеска кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, оствари средба со Националниот совет за родова рамноправност (НСРР), предводен од претседателката Савка Тодоровска, како и со членките на мрежата на НСРР, се вели во соопштението на СДСМ.

Средбата помина во конструктивна атмосфера исполнета со идеи и искуства, каде во фокусот беа предизвиците и можностите за унапредување на положбата на жените во градот. Шукова истакна дека Скопје има огромен човечки потенцијал, особено во жените кои секојдневно придонесуваат во јавниот, економскиот и општествениот живот на градот.

„Жените во нашиот град имаат исклучителни капацитети, знаење, храброст и одговорност за извршување на јавни функции. Како градоначалничка ќе се залагам за системска поддршка на жените и семејствата преку обезбедување сервиси за семејства, прифатилишта за жени жртви на семејно насилство и воведување родово одговорно буџетирање како приоритет. Само град што се грижи подеднакво за сите е град што напредува,“ изјави Шукова.

Реклама

Средбата заврши со заедничка согласност дека Скопје има потреба од поинклузивни и солидарни политики град каде секој глас се слуша, а секоја жена има можност да придонесе и да успее.