Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Проданоски: Прилеп ќе добие нов лик, функционален и достоинствен 

Време е Прилеп да добие нов лик, функционален, уреден, достоинствен. Ќе изработиме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Време е Прилеп да добие нов лик, функционален, уреден, достоинствен. Ќе изработиме сообраќајна студија која конечно ќе го реши хаосот, во сообраќајот, со јасен план за движење, паркирање и безбедност, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од изјавата на нивниот кандидат за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски.

Плоштадот Методија Андонов Ченто пред хотел Скопје, ќе добие нов изглед, уреден, зелен и пријатен простор за дружење и настани.

Го обновуваме срцето на градот, реконструкција на инфраструктурата во старата чаршија, и зачувување на нејзиниот дух, како културно наследство.

Реклама

На повеќе локации во градот поставуваме јавни тоалети, основна потреба за културен и современ урбан простор.

Секој чекор е дел од големата слика, град со ред, убавина и достапност за сите.

Прилеп добива нов лик, модерден, чист и уреден но со душата на старата чаршија, што никогаш не згаснува.