Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Министерството за јавна администрација започна со обуки за користење на модернизираниот ИСУЧР

Министерството за јавна администрација денеска официјално започна со првиот циклус на обуки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за јавна администрација денеска официјално започна со првиот циклус на обуки за користење на модернизираната верзија на Информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР), клучна алатка во дигиталната трансформација на јавниот сектор.

Целта на обуките, кои се одвивале паралелно на две локации, како што информираат од Министерството, е да се овозможи детално запознавање на институциите со новите функционалности на системот, неговата практична примена, како и да се обезбеди унифицирано и ефикасно користење низ целиот јавен сектор.

-Системот ИСУЧР, кој досега беше нефункционален и ограничено употребуван, сега е целосно обновен, функционален, технолошки унапреден и, за првпат, во целосна сопственост на државата.  Новата верзија овозможува централизирана пресметка на плати, дигитално управување со човечки ресурси, мобилност и кариерен развој во реално време, интероперабилност со други државни системи, како и директен пристап на секој вработен до сопственото електронско досие, се наведува во соопштението.

Реклама

Од Министерството за јавна администрација посочуваат дека со овие обуки ќе бидат опфатени сите јавни институции, со цел до крајот на 2026 година целосно да се интегрираат во ИСУЧР. Обуките се задолжителни за сите вработени задолжени за човечки ресурси и ќе бидат поддржани со постојана техничка поддршка.

-Системот ќе се ажурира редовно, на секои шест месеци, според реалните потреби и технолошкиот напредок, нов стандард во јавната администрација на Република Македонија. Министерството за јавна администрација останува посветено на создавање ефикасни, транспарентни и европски институции што работат за граѓаните, се посочува во соопштението.