Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Продолжува претставувањето на кандидатите за градоначалници и советници

Претставувањето на кандидатите за градоначалници и советници во рамки на кампањата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставувањето на кандидатите за градоначалници и советници во рамки на кампањата за локалните избори 2025 продолжува и денеска, а во фокусот на митинзите се обраќањата на лидерите на најголемите партии. 

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе одржат средби со граѓани и митинзи во Маврово, Ростуше, Гостивар и Тетово. Предизборниот караван на СДСМ е во Дојран Богданци, Гевгелија и Валандово.

Од Левица за денеска најавија средба со граѓани во Неготино на која ќе присуствуваат лидерот на партијата Димитар Апасиев, пратеникот Сашко Јанчев, носителот на листа, Никола Ламбев, и останатите кандидати за советници.

Реклама

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција во Општина Бутел, а од ГРОМ – Граѓанска Опција за Македонија, пак за денеска планираат работен медиа брифинг со цел одблиску и поопширно запозавање со програмата на Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на град Скопје од коалицијата “Искуство за успех”.

Изјави за медиумите ќе имаат и Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје од СДСМ и Коалицијата и Влатко Митовски – кандидат за градоначалник на општина Гази Баба. 

Според најавите, прес-конференција ќе има и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ на која ќе го презентира целосното решение за јавниот превоз во Скопје, како и потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми, кандидатот за градоначалник на општина Куманово, Селвер Ајдини, и кандидатот за градоначалник на општина Бутел, Исамедин Азизи.

Прес-конференција е најавена и од страна на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи.