Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Прилози

Денковски не е легитимен претседател на Стоматолошката комора, одлучи Управен суд

Членовите на Стоматолошката комора кои се соочуваа со притисоци и противзаконски санкции…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членовите на Стоматолошката комора кои се соочуваа со притисоци и противзаконски санкции од страна на раководството на комората ја добија пресудата од Управен суд. Со неа практично се докажува дека актуелниот прв човек на ова тело Маријан Денковски, не е легитимен претседател на СКМ. Стоматолозите го обвинуваат дека наместо тој да ги штити интересите на докторите, врши нелегален прогон на неистомисленици и на лекари кои ќе укажат на незаконско работење. Меѓудругото го повикаа Денковски да престане да ги злоупотребува ресурсите на комората.

Стоматололзите ги охрабрија надлежните да продолжат и натаму да ја држат контролата над Стоматолошката комора. Затоа што, како што велат тие, Денковски прави малверазции и со вработените и со приходите на Комората.  

Изминатите месеци во Стоматолошката комора имаше длабоки превривања помеѓу дел од членовите и претседателот Маријан Денковски, па Министерството за здравство ги одзема ингеренциите на Комората за издавање лиценци на стоматолозите.  Оваа одлука на министерот Азир Алиу дојде откако извршените надзори над Комората укажале на бројни пропусти – едукации преку нерегистрирани здруженија и сертификати кои неправилно се користеле за продолжување на лиценците, договори кои биле склучувани ретроактивно, спротивно на закон, носење одлуки и документи со невалидна документација, како и игнорирање на одлуката на Уставниот суд.

Реклама

Финансиската полиција направи увид во Стоматолошката комора, а од Министерството за здравство најавија дека сите документи ќе бидат предадени на Обвинителство.