Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Атанасовски: Целосна реконструкција на Здравствена станица, детска градинка и средно училиште во Македонска Каменица

Драги сограѓани заедно постигнавме значајни резултати за почиста животна средина и поголема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Драги сограѓани заедно постигнавме значајни резултати за почиста животна средина и поголема енергетска ефикасност во нашата општина. Реализиравме проекти за заштеда на електричната енергија во речиси сите објекти на локалната самоуправа, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во основното училиште поставивме фотоволтаичен систем од 37 киловати, кој обезбедува заштеда на електричната енергија од 50%.

Во соработка со Источен плански регион инсталиравме три нови соларни централи на Домот на култура, Куќа на спортот и Дневниот центар за лица со посебни потреби.

Реклама

Вкупната моќност на овие централи е 97 киловати, што на општинско ниво обезбедува 134 киловати чиста и зелена енергија.

Во моментот спроведуваме постапка за целосна реконструкција на Здравствена станица проектот ќе биде завршен во наредните шест месеци, а објектот ќе биде современ енергетски ефикасен и со модерен изглед.

Во првите две години од новиот мандат целосно ќе ги реконструираме детската градинка Бамби, објектот на ЈП Камена Река, средното училиште Миле Јаневски Џингар, за реконструкција на овие објекти веќе имаме подготвено целосна проектна документација.

Со вашата доверба ќе продолжиме да ја градиме Македонска Каменица како зелена, современа и одржлива општина.

Затоа на 19 октомври ве повикувам да ја дадете вашата поддршка за вашиот градоначалник Димчо Атанасовски и за советничката листа предводена од Гоце Стоиловски, кандидати на ВМРО-ДПМНЕ од коалицијата Твоја Македонија.

Гласот за број 9 значи глас за продолжување на развојот на нашата општина.