Реклама

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Балкан

Четворица мртви во катастрофалната поплава во Бугарија, Сиљановска Давкова му понуди помош на Радев

Македонија е подготвена да ѝ помогне на Бугарија во справувањето со последиците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е подготвена да ѝ помогне на Бугарија во справувањето со последиците од катастрофалните поплави, соопшти бугарскиот претседател Румен Радев по телефонскиот разговор со македонската претседателка.

Радев ѝ се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за загинатите во поплавите во Бугарија, како и за понудената подготвеност на Македонија да помогне.

Разговорот се одржа во момент кога Бугарија се соочува со интензивни врнежи и сериозни поплави кои зафатија повеќе региони. Дел од населението остана без електрична енергија, а пристапот до најпогодените подрачја е ограничен.

Реклама

Според последните информации, поплавите однесоа четири човечки животи. Најмногу е погодена западна Бугарија и крајбрежјето, особено околината на Бургас.

Поплавите настанаа по поројните дождови во неверојатни количини. Според мерењата, наврнале над 250 литри дожд на квадратен метар.