Реклама
Балкан

Генерален штрајк во Грција

Грција денес е во 24-часовен генерален штрајк, прогласен од двата најголеми синдикални…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грција денес е во 24-часовен генерален штрајк, прогласен од двата најголеми синдикални центри, во знак на протест против новиот закон за работни односи. Вработените во јавниот сектор, образованието и транспортот, како и таксистите, учествуваат во штрајкот, објави „Катимерини“. Железничкиот и приградскиот сообраќај се целосно суспендирани. Синдикатите бараат повлекување на предлогот за продолжување на работниот ден, враќање на 13-та и 14-та плата, колективни договори и намалување на работната недела на 35 часа.