Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Трипуновски: Сериозен раст на производството на винско и трпезно грозје

Бележиме сериозен раст во производството на винско и трпезно грозје. Податоците покажуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бележиме сериозен раст во производството на винско и трпезно грозје. Податоците покажуваат значителен напредок споредбено со минатата година. Лани вкупната берба на македонското грозје изнесуваше околу 85 милиони килограми, од кои 65 милиони килограми беа откупени од индивидуални земјоделци, а до денешниот ден бербата на винското грозје е над 96 милиони килограми, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Според него, со оглед дека се уште трае откупот се очекува бербата да заврши со над 110 милиони килограми винско грозје.

-Зголемувањето на приносот се должи на тоа што преку АД „Водостопанство“ се обезбеди навремена и доволна количина вода за наводнување. Ние за овие над 110 милиони килограми винско грозје ако земеме просечна цена од 0,30 евроценти, значи некаде околу 33 милиони евра ќе влезат директно кај македонските производители. Клучот на успехот лежи не само во зголемувањето на откупните цени, туку и во истовремено зголемување на квантитетот на производството на грозје, рече Трипуновски во поткастот „Проверитас”.