Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Димитриеска-Кочоска: Раст на повратот на ДДВ кон компаниите, во тек е постапката и за поврат на солидарниот данок

Повратот на ДДВ кон стопанството се враќа што се евидентира преку податоците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повратот на ДДВ кон стопанството се враќа што се евидентира преку податоците на трезорот на Министерството за финансии, а во тек е и процесот за поврат на солидарниот данок кон компаниите кои го уплатија по основ на законско решение. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Како што информира денеска Министерството за финансии, Димитриеска-Кочоска посочила дека податоците јасно кажуваат како се одвива повратот на ДДВ.

– Заклучно со 22 септември 2025 година вкупниот поврат на ДДВ, којшто е направен кон компаниите изнесува 24,850 милијарди денари, додека заклучно со 22 септември 2024 година повратот на ДДВ изнесува 23,559 милијарди денари, односно имаме повисок износ на поврат за 5,5 отсто или за 1,291 милион денари (20 милииони евра) во однос на  минатата година, изјавила минитерката за финансии, додавајќи дека тоа се податоци кои се проверливи и дека треба да се земемат предвид податоците што ги имаме.

Реклама

Таа посочила дека доколку има реакции од одредени компании можеби станува збор за компании коишто се предмет на контроли во Управата за јавни приходи и дека врз тоа Министерството за финансии не може да влијае. Притоа навела дека УЈП со поддршка од Светска банка, Меѓународниот  монетарен фонд и Трезорот на САД, изработи индикатори врз основа на кои констатира кои компании се поризични и треба да се проверат теренски.

Министерката за финансии во гостувањето се осврнала и на постапката којашто е почната за поврат на средствата кон компаниите коишто ги уплатија согласно Законот за данок на солидарност.

– Постапката за поврат на солидарниот данок кон комапниите е во тек. Тоа е постапка што ние ја спроведуваме. Останаа уште неколку компании коишто до овој момент немаат одговорено на прашањето што им го доставивмe, а кое во јавноста го комунициравме претходно. Односно прашањето беше дали се согласуваат со она што Владата го предлага, а тоа е на два пати да се врати солидарниот данок, еднаш во март 2026 и еднаш во март 2027 година. Голем дел од компаниите одговорија и во најголем дел се позитивни и се согласуваат, истакна министерката за финансии.

Димитриеска-Кочоска додаде дека враќањето на средствата, кои, како што рече, на еден нефер начин биле земени,  е прилагодено согласно условите во Буџетот и при тоа упати благодарност до компаниите за прифаќање на доставениот предлог.