Реклама

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Свет

Хамас му се закани на Израел: „Ако не престанете со нападите, збогувајте се со заложниците“

Хамас му се заканува на Израел дека, ако не ги прекине нападите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хамас му се заканува на Израел дека, ако не ги прекине нападите, може слободно да се збогува со израелските заложници кои ги држи во Газа. Бригадите Ал-Касам, военото крило на палестинското милитантно движење, објавија и слики од израелски затвореници кои се држат во Газа.

Хамас ги предупреди израелските власти дека нивните затвореници ќе бидат во опасност доколку Израел продолжи со инвазијата на Газа и го отфрли прекинот на огнот. „Секое понатамошно одложување или отфрлање на прекинот на огнот од страна на израелската влада, под водство на премиерот Бенјамин Нетанјаху, ќе резултира со смрт на затворениците“, се вели во пораката, ја пренесе иранската новинска агенција Тасним.