Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Ново кулинарско шоу на Алфа, почнува „Четири сезони“

Како да зготвиме вкусно јадење, а притоа да не останеме цел ден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како да зготвиме вкусно јадење, а притоа да не останеме цел ден во кујна и да не го потрошиме буџетот предвиден за целата седмица. Сите совети за избалансиран и здрав оброк, секој ден од понеделник до петок во поладневните часови, на Алфа,  ќе може да ги слушнете во најновото кулинарско шоу 4сезони . Од традиционални специјалитети до модерни гурмански рецепти, во студиото ќе готви  познатиот македонски шеф со светско реноме , проф. Дејан Христовски .

„Јас ќе се обидам на гледачите да им преставам малку поедноставен начин на готвење. Секако, ќе обратиме многу внимание на садовите што ги користиме  во кујната. Ќе обратиме внимание како треба да биде оргнизиран и среден нашиот фрижидер , затоа што храната во овој момент е и најскапото нешто, бидејќи ако не ја одржуваме правилно ќе ја фрлиме, а тоа не е добро бидејќи нашиот буџет е тој што е„ изјави познатиот македонски готвач, Дејан Христовски.

Алфа присуствуваше на првиот снимачки сет, каде Христовски својата кујна ја делеше со познатиот шеф Мауро Ди Лео, од Италија, кој директно од Дубаи , каде работи во ресторант со Мишелинова ѕвезда, слета во студиото на 4сезони. Приготвија италијански рецепт, но со македонски намирници. Од  мирисот што се ширеше во студиото  се разбудија сите сетила и настана вистинска екплозија на вкусови и бои.

Реклама

Во новото кулинарско шоу 4сезони, ќе гостуваат многу познати и талентирани готвачи од Македонија и светот,  кои заедно со Христовски ќе бидат инспиранција за многу луѓе да ја засакат кујната, а истовремено да ја слават и промовираат македонската традиционална храна.