Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Патот Охрид – Преспа преку Галичица мора да се стави на приоритетна листа за одржување , предупредуваат познавачите

Крајно ризичен и небезбеден патниот правец Охрид-Преспа преку превојот на Галичица,мора да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Крајно ризичен и небезбеден патниот правец Охрид-Преспа преку превојот на Галичица,мора да се страви на приоритетна листа за одржување.Негрижата на државните јавни претпријатија кои половина век со прст не мрднаа целосно да го реконструираат тесниот и непрегледен патен правец кој рекреативците и тоа како го користат го доведоа во очајна состојба.Ставен во патишта од трета категорија,поради тоа што е небезбеден до со децении во зима го затвараат. 

 “Јас би рекол дека прво се тешки за носење на одлука, а одлуката значи дали јас ќе трнам денеска да одам по тој пат. Таа патна делница мора да ја оспособиме да се одвива сообраќајот во сите годишни времиња од годината.Таа е и направена за да се одвива таков сообраќај.Ние не смееме повеќе да си дозволуваме или да бидеме мирни” – вели Љупло Милкоски,аналитичар за безбедносни појави

Иако и тоа како е голем бројот на рекреативци кои уживаат на падините на Галичица, своевремено,според пресметката на државните претпријатија економската исплатливост на овој патен правец била неоправдана, односно бројот на возила кои што според нивната проценка се движат во зима,не соодветствувале со сретставата кои треба да се инвестираат за зимско одржување на патот.Ваквиот изгор според експертите не држи вода.

Реклама

 “ Опасноста е присутна и затоа се потребни не само интервенти мерки, туку мора се оди на стратешки мерки за да се избегнат опасностите односно да се спречат и да ние еден ден кажеме дека да ние овдека можеме да одиме да се движиме да се возиме по безбедна патна инфраструктура” – вели Милкоски

 Од месноста Корита до Песпа патот е забранет за сообраќај од 15 ноември до 31 март.Секоја година од планинарската спасувачка служба апелелираат до граѓаните да се воздржат од неразумно користење на патот каде поради длабоки наноси на снег, луѓето со своите автомобили остануваат заглавени на 1650 метри надморска височина.

Експертите ја поздравуваат целосната рехабилитација на магистралниот пат Охрид-Свети Наум кој после 4 деции во јуни официјално беше пуштен во употреба.Очекуваат и критичниот патен правец од Охрид до Преспа преку Галичица да бидеставен во програма и рехабилитиран.