Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Уште трае потрагата во Охридското езеро по Бугаринот, кој пред месец и половина исчезна во водите на езерото

Веќе месец и половина интензивно, но безуспешно се трага по52 годишниот Илија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веќе месец и половина интензивно, но безуспешно се трага по52 годишниот Илија Танчев од Бугарија кој исчезна додека нуркал во водите на Охридското езеро на длабочина од 89 метри.Професионалните нуркачи се сомневаат дека неговото телото воопшто ќе биде пронајдено без меѓународна помош и соодветна опрема.Македонија велат има исклучително подготвени нуркачи како во клуповите така и во полицијата и војската, но проблем е опременоста. Точно е дека последниве години општините издвојуваат одредена сума на пари,но тоа не е доволно, ние сме и преку потребни на оваа држава,оти учествуваме од акции како оваа,до чистење на езера и брани.

“Државата мора да учествува со финансиски сретства за да ги опреми нуркачкитецентри, нуркачките клубови, нуркачките тимови од армијата и од полицијата.Ние сме можеби мала земја, но имаме многу водени пространства.Имаме многу тешки езера за нуркање.” вели д-р Горан Балев, претседател на клубот за подводни активности Охрид

Не паметам кога последно сме примиле некаква донација вели Балев,се финансираме сами а тоа се многу пари, само еден филтер за кислороден компресор кој се менува еднаш месечно чини 120 евра.Згора на се,Охридското езеро не е едноставно за нуркање,туку доста специфично,посебно на големите длабочини.И не само Охридското, туку и останатите водни пространства.Несреќи имало и ќе има,а тоа пак го вклучува алармот дека треба да се издвојуваат сретства и за финасирање на подводните спортови,еднакво како што тоа се прави со колективните спортови.

Реклама

“Не е едноствано вие да нуркате на големи длабочини имаме на пример Тиквешко езеро,Вардар е тежок за нуркање.Не е едноставно да барате вие давеник.Нуркањето е скап спорт,меѓутоа колку што може да ви заврши работа еден нуркач сите зедно да ги соберете и фудбалери и кошаркари и ракометари не можат да ја завршат работата”-вели  Балев

Охридските нуркачи укажуваат дека нуркањето над 40 метри длабочина е крајно ризична авантура и треба да се почитуваат пропишаните правила и протоколите.Друг проблем е штово услови кога овој ескпремен спорт е се поатрактивен, на своја рака се прават медицински недокажани смеши на гасови со водород.