Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Прилози

Убедливо водство на власта: ВМРО-ДПМНЕ убедливо пред СДСМ, Орце Ѓоргиевски со многу повисок рејтинг од Каја Шукова

ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност пред другите политички ривали. Седум наспрема еден во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност пред другите политички ривали. Седум наспрема еден во однос на СДСМ, на точно еден месец пред локалните избори, покажуваат резултатите на анектата спроведена од ИПИС, за потребите на МРТ.

На прашањето која партија сметате дека ќе победи на претстојните локални избори, 42,6 проценти од испитаниците одговориле дека тоа партијата на Христијан Мицкоски, 25,3 велат дека не знаат или воопшто не се определени. Дека ќе победи СДСМ одговориле само 7,9 отсто, а 7,8 дека тоа ќе биде Левица. Во победа на незавнисните листи веруваат 3,8 проценти, додека 3,7 во ЗНАМ.

На прашањето која политички опција најдобро би се справила со проблемите во општините, 40,1 отсто сметаат дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, 22,1 проценти не знаат или немаат одоговор, девет проценти велат дека тоа ќе биде Левица, 8,4 СДСМ, додека пак пет отсто не сакале да кажат, а исто толку одговориле дека ќе гласаат за незисна листа.

Реклама

На прашање за кој од кандидатите за градоначалник на Скопје ќе го дадат својот глас, 29 проценти се изјасниле за Орце Ѓоргиевски, за Каја Шукова од СДСМ 8,1, за Амар Мециновиќ од Левица 7,3, за Башким Бакиу и Горан Марковски се изјасниле 5,9 проценти, додека за ниту еден од наведените кандидати 8.1. Дека не знаат или се неопределени одговориле 29,6 отсто.

Според мерењата на ИПИС голема предност од 4 наспрема 1 има и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајкоска. Таа има доверба од 39,2 проценти, втор е Јане Ацевски од Левица со 10,5, додека трет е Горан Трајковски од СДСМ со 10,2 отсто.

Анкетата е спроведена телефонски во месец септември, учествувале 1017 испитаници, со маргина на грешка од плус минус 3 проценти.

Матеја Петровски