Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Реформи во администрацијата: Следуваат законите за плати, мерит-систем и за професионализација

Рез на 40 % од буџетските корисници преку спојување, но и згаснување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рез на 40 % од буџетските корисници преку спојување, но и згаснување на повеќе институции согласно обврските кон Европската Унија. Ќе се укинуваат и кратат места во управни и надзорни одбори. Целта на Владата е Македонија конечно да добие мала, но ефикасна и сервилна администрација за граѓаните. Министерот за јавна администрација Горан Минчев најави пакет закони коишто ќе ја реформираат, департизираат и намалат пренатрупаноста во јавниот сектор. Сведоци сме дека постојат институции со по неколку вработени по партиска, роднинска или политичка линија и во наредниот период внимателно ќе разгледаме, ќе имаме и широка дебата и ќе пресечеме, подвлече министерот Минчев.

Главен акцент периодов ќе биде ставен на Академијата за јавна администрација во која ќе се обучуваат не само новите административци, туку и оние со долг стаж. Франција којашто има 80 годишно искуство во обука на административци  и понуди помош на Македонија ставајќи ги на располагање обучувачите и искуството од нивниот Националниот институт за јавна администрација. Францускиот амбасадор во Македонија, Кристоф Ле Риголер вели дека најбитно од се е однесувањето на административецот кој треба да поседува и менаџерски способности. Во француското искуство на обучување, главен акцент е ставен на однесувањето и поведението на административецот.

Македонската јавна администрација со години е една од најчестите теми во јавноста. Со години проблемите се системски – политизација, нефункционалност, недоволна дигитализација и недоверба на граѓаните. Секој обид за реформа до сега наидуваше на отпор поради судир меѓу политичкиот и јавниот интерес.

Реклама

Во јавниот сектор во Македонија се активни 1.371 институции, во кои се вработени 128.879 лица. Според Министерството за информатичко општество и администрација, во однос на 2022 година, бројот на вработените во институции од јавниот сектор за првпат е намален за 495. Анализите покажуваат дека со секоја промена на власта од 2018 година навака, имало значителен раст на административци.