Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Зa пет години 20 умсртени во семејно насилство – Потребни се итни законски измени за решавање на проблемот

Не може полицијата да упаси толку тепачи на жени, колку што Обвинителството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не може полицијата да упаси толку тепачи на жени, колку што Обвинителството и Судот може да ослободат.

Освен полиција која сериозно  мора да гледа на пријавите за семејно насилство, се ќе биде за џабе без брза реакција на Обвинителството и драконски казни од судот за насилниците што физички и психички малтретираат жени.

Покрај ова, потребни се и итни законски измени за да може полицијата да дејствува веднаш по службена должност, а не да чека одобрение од жртвата која е исплашена и од страв се откажува од гонење. Потребно е и зголемување и на висината на затворските казни.

Реклама

Дел од познавачите на оваа проблематика кои имаат искуство со постапки за семејно насилство го лоцираат проблемот во системот, по грозоморното двојно убиство и самоубиство што се случи среде бел ден во Велес.

Горлив проблем за кој се уште нема решение се и вештачењата коишто се прават по нарачка, а служат како олеснителна околност за насилниците. И во последниов случај со убиената Росица од Велес, во судска постапка вештак се изјаснил дека психофизичката состојба на убиецот е добра и е психички стабилен, дури и немал патолошка фикција кон жртвата. За само еден ден по условната осуда донесена со ова вештачење, истиот тој,  ги искасапи поранешната девојка, нејзиниот татко и себеси.

Екс директор на психијатриската болница во Скопје, Стојан Бајрактаров алармира дека предмет на истрага треба да бидат случаи на вештачења кои се прават по нарачка, нестручно и пристрасно. Во Македонија постои стручен кадар што квалитетно работи со жртвите, но залудно кога постојат и лажни вештачења, коментира психијатарот на својот Фејсбук профил.

Сепак, паралелно постојат и случаи на судско-медицински вештачења кои се прават по нарачка, нестручно и пристрасно, со што се носат неправични судски одлуки. Тие мораат да бидат предмет на сериозна проверка, бидејќи ја разградуваат довербата во правдата, пишува доктор Стојан Бајрактаров.

Според Бајрактаров проблем е и тоа што на полицијата и се потребни лекарски извештаи за да делува и токму тогаш почнува административниот лавиринт за жртвите.

Полицијата често одбива да започне постапка сѐ додека жртвата не приложи психијатриски извештај — како психијатрите да сме истражен орган, а не здравствени професионалци. По тоа започнуваат институционални лавиринти кои траат со месеци и години, без исход, пишува доктор Стојан Бајрактаров.

Во последните 5 години има дури 20 усмртени во семејно насилство. Јавноста бурно реагираше по убиството во Велес и бара одговорност од надлежните бидејќи жртвата многупати пријавувала во полиција и обвинителство, а убиецот и покрај насилната историја поткрепена со докази, беше условно осуден од велешкиот суд.