Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Еврокомисијата предложи пакет санкции кон Израел и Хамас

Европската комисија усвои предлог за делумна суспензија на трговските придобивки за Израел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската комисија усвои предлог за делумна суспензија на трговските придобивки за Израел и за робустен пакет-санкции кон терористите од Хамас, екстремистичките министри во израелската Влада и кон насилните еврејски доселеници и субјекти кои ја поддржуваат неказнивоста на Западниот Брег, соопшти денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас. 

-Сакам да бидам многу јасна. Целта не е да се казни Израел. Целта е да се подобри хуманитарната состојба во Газа, рече Калас на денешната прес конференција по седницата на Европската комисија.  Според Калас, копнената офанзива на израелските сили во градот Газа резултира со нова ескалација на конфликтот и дополнително ја продлабочи хуманитарната криза во Појасот. 

-Сите земји членки се согласуваат дека состојбата во Газа е неодржлива, дека војната мора да заврши, дека страдањето мора да запре и сите заложници мора да бидат ослободени. Мора да ги искористиме сите средства што ни се на располагање за остварување на овие цели, додаде Калас. 

Реклама

Таа нагласи дека вниманието не смее да биде одвлечено од опасниот развој на настаните на Западниот Брег, што ги намалува шансите за постигнување мировно решение по моделот за постоење на две држави – Израел и Палестина.