Реклама
Свет

Совет за безбедност: Поддршка за Полска по упадот на руските дронови

САД во Советот за безбедност на ОН порачаа дека ќе ја бранат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

САД во Советот за безбедност на ОН порачаа дека ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО, по упадот на руски дронови во Полска. Американската претставничка оцени дека инцидентот претставува алармантно кршење на воздушниот простор.

„Соединетите Американски Држави стојат цврсто зад нашите НАТО-сојузници пред овие вознемирувачки нарушувања на воздушниот простор. САД се консултираат со Полска и другите НАТО-сојузници согласно член 4 од Северноатлантскиот договор, и бидете сигурни — ќе ја одбраниме секоја педа од територијата на НАТО“, изјави Дороти Ши, претставник на САД во ОН.

Полска соопшти дека соборените дронови не биле грешка, покажувајќи докази за нивното руско потекло. Москва тврди дека не целела кон полски мети и дека дометот на дронови не дозволувал да стигнат до Полска. Загриженост за случајот изразија и други земји во Советот за безбедност, а 43 држави усвоија заедничка изјава со барање Русија да ја прекине агресијата врз Украина.