Реклама

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Свет

Непал: Немири и десетици загинати – илјадници затвореници побегнаа

Непал ја доживува најкрвавата криза од укинувањето на монархијата во 2008 година.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Непал ја доживува најкрвавата криза од укинувањето на монархијата во 2008 година. Протестите против корупцијата и забраната на социјалните мрежи прераснаа во насилни судири во кои загинаа десетици луѓе, а илјадници беа раселени.

Според полицискиот портпарол Бинод Јимире, оваа недела загинале најмалку 51 лице, меѓу кои 21 демонстрант и 3 полицајци. Ситуацијата во затворите целосно излезе од контрола – од околу 13.500 затвореници кои избегале, над 12.500 сè уште се во бегство.

Немирите започнаа во понеделник, кога полицијата отвори оган врз демонстранти и уби најмалку 19 лица. Насилството продолжи и следниот ден, кога демонстрантите ограбија јавни институции и го запалија парламентот, како и резиденцијата на премиерот.

Реклама

Премиерот К.П. Шарма Оли поднесе оставка под притисок на случувањата. Армијата ја презеде контролата врз Катманду и воведе строг полициски час. Во тек се политички консултации за формирање на преодна влада, а како можен кандидат се споменува поранешната претседателка на Врховниот суд Сушила Карки. Сепак, состојбата останува неизвесна, додека земјата се обидува да најде пат кон политичка стабилност по овој крвав и турбулентен период.