Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Нетанјаху: Нема да има палестинска држава

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нема да има палестинска држава.„Ќе го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека нема да има палестинска држава.
„Ќе го одржиме нашето ветување – палестинска држава нема да има. Тоа место ни припаѓа нам“, рече Нетанјаху за време на посетата на населба на Западниот Брег.

„Ќе го зачуваме нашето наследство, нашата земја и нашата безбедност. Ќе го удвоиме бројот на жители на градот“, додаде израелскиот премиер.

Минатиот месец Израел одобри клучен проект за изградба на 3.400 станбени единици на Западниот Брег, кој Обединетите нации и неколку странски лидери го осудија како загрозување на можноста за решение со две држави.

Реклама

Францускиот претседател Емануел Макрон во јули објави дека Франција ќе ја признае Палестина на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации на крајот на септември. Канада, Австралија и Белгија соопштија дека ќе го сторат истото. Палестинската држава веќе ја признаа Ирска, Норвешка, Шпанија и Словенија.