Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Застрелан влијателниот сојузник на Трамп, Чарли Кирк

Чарли Кирк, влијателен активист близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Чарли Кирк, влијателен активист близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на „Turning Point USA“ (TPUSA), беше ранет за време на настан на Универзитетот Јута Вали.

Снимките што кружат на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога е застрелан додека зборува под шатор на кампусот. Во исто време, студентите бегаат во паника од звуците на огнено оружје. Кирк настапуваше таму како дел од турнејата American Comeback Tour, организирана од локалниот огранок на TPUSA.

Неговиот тим потврди за Фокс Њуз дека е застрелан, но неговата состојба сè уште не е позната. Универзитетската полиција потврди дека биле испукани куршуми, а ФБИ соопшти дека агентите брзаат кон местото на настанот и целосно ја поддржуваат истрагата.

Реклама

Вооружениот човек сè уште е во бегство.

Скот Тротер, портпарол на Универзитетот Јута Вали, потврди за Би-Би-Си дека Кирк е ранет и дека вооружениот човек не е уапсен. Тој рече дека околу 12:25 часот по локално време, „се слушнал истрел во дворот на универзитетот, во близина на студентската кафетерија, додека Чарли Кирк го започнувал својот говор“. Тој додаде дека кампусот е блокиран до крајот на денот.

Конгресменот на САД, Џејсон Чафец, кој беше на настанот со својата ќерка, за Фокс њуз изјави дека насилството било „шокантно“. „Сите беа на подот и трчаа“, рече Чафец. „Куршумот беше истрелан право во него“. Тој додаде дека разговарал со Кирк непосредно пред почетокот на митингот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја потврди веста дека конзервативниот активист и сојузник Чарли Кирк е ранет и повика на молитва.

-Сите треба да се молиме за Чарли Кирк, кој беше застрелан, напиша тој на Truth Social. „Одличен човек од глава до пети. БОГ ДА ГО БЛАГОСЛОВИ!“

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, повика на молитва за Кирк, нарекувајќи го „добар човек и млад татко“, додека министерот за одбрана Пит Хегсет рече: „Нека го допре раката на Исус Христос што лечи“.

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, го осуди нападот, нарекувајќи го „одвратен и срамен“. Сенаторот од Јута, Мајк Ли, изјави дека внимателно ја следи ситуацијата и повика на молитви за Кирк и студентите кои беа таму.