Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Полска собори руски дронови во својот воздушен простор

Полската армија за првпат собори руски беспилотни летала што влегле во нејзиниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полската армија за првпат собори руски беспилотни летала што влегле во нејзиниот воздушен простор. Полскиот премиер Доналд Туск смета на поддршка од НАТО и побара консултации со сојузниците. Тој го осуди навлегувањето на руските дронови како „провокација од големи размери“.

Владата на Полска побарала консултации со земјите-членки на НАТО согласно член 4 од Договорот, кој предвидува консултации меѓу членките доколку се смета дека е загрозена безбедноста или територијалниот интегритет на земја-членка. Нема непосредни извештаи за жртви и засега не е јасно колку беспилотни летала влегле во полскиот воздушен простор. Армијата соопшти дека бара соборени објекти.

Ова е првпат земја-членка на НАТО директно да дејствува против руски беспилотни летала во својот воздушен простор откако започна војната во Украина во 2022 година. Од руското Министерство за одбрана засега нема коментар.

Реклама

Поради овој инцидент, Полска затвори четири аеродроми, вклучувајќи го и главниот државен аеродром во Варшава.