Реклама

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Свет

ЕУ бара крај на војната на Блискиот Исток

Парламентот на Европската унија ја почна пленарната сесија по летната пауза. Европа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Парламентот на Европската унија ја почна пленарната сесија по летната пауза. Европа мора да направи повеќе за да донесе мир и да ја заврши војната меѓу Израел и Палестина, кажа претседателката на Европарламентот Роберта Мецола.

„Не можеме да дозволиме нормализација на ужасот што го гледаме. Ситуацијата е неодржлива и неприфатлива. Многумина сè уште се држат во заробеништво. Премногу бомби се фрлени. Премногу деца сега ја познаваат војната и гладта. Мора да има политичко решение што ќе стави крај на насилството и теророт и ќе ги врати заложниците. Ни треба прекин на огнот и вистинска перспектива кон решение со две држави“, изјави Мецола.

Израел им порача на жителите на Газа да го напуштат градот откако предупреди дека ќе ги интензивира воздушните напади и копнените операции. Израелскиот министер за одбрана се закани со моќен ураган доколку Хамас не ги ослободи последните заложници што ги држи и не се предаде.