Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

Министерството за финансии: Исплатите на плати и надоместоци се вршат редовно согласно закон, тврдењата на Левица се неосновани

Министерството за финансии категорично ги отфрла дезинформациите што денеска ги пласира Левица.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за финансии категорично ги отфрла дезинформациите што денеска ги пласира Левица. Како и за секој изборен процес, така и на почетокот на овој изборен процес, Министерството за финансии достави известување до сите буџетски корисници, при трошење на буџетски средства во предизборниот период да ги имаат во предвид ограничувањата согласно одредбите од Изборниот законик и Законот за буџети, се вели во соопштението од Министерството за финансии. 

Во известувањето до буџетските корисници Министерството за финансии се повикува на Изборниот законик Член 8-а, став  1 , алинеа 2:

“Од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот на претседател на Република Македонија, пратеници во Собранието на Република Македонија и изборот на Владата на Република Македонија согласно со резултатите од изборите, како и од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори па до завршување на изборите за избор на градоначалник или членови на советот, односно до конституирањето на советот на општините и градот Скопје не може:

Реклама

-да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош и други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати односно сите едногодишни трансфери и исплати или еднократни трансфери од буџетски средства или од средства на јавни фондови ниту да се отуѓува државен капитал ниту да се потпишуваат колективни договори“

Јасно укажуваме: Министерството за финансии нема одбиено налог за исплата  на ниту една обврски кон работниците согласно закон, односно редовно се исплаќаат плати, додатоци и надоместоци за плата кои се однесуваат на работа за празник, ноќна работа, работа во недела, прекувремена работа, како и  правото за надоместоци на плата за починат член на семејство, теренска работа и слично согласно Законот за Буџети и Изборниот законик.

Затоа, сите тврдења на Левица се неосновани, злонамерни и имаат единствена цел – да шират паника и да манипулираат со јавноста.

На Левица им препорачуваме наместо да создаваат конфузија, конечно да го прочитаат Изборниот законик и Законот за буџети и да се информираат како функционира државниот апарат. Министерството за финансии ќе продолжи доследно да ја спроведува законската регулатива и да гарантира дека сите права на работниците ќе бидат заштитени.