Реклама

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Економија

Николоски задоволен од големиот раст од 7,3 отсто во градежништвото, транспортот и складирањето

Премиерот Христјан Мицкоски објави одлични вести за македонската економија – во месеците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христјан Мицкоски објави одлични вести за македонската економија – во месеците април, мај и јуни, бруто-домашниот производ порасна за 3,4 проценти. Особено ми е драго што секторите градежништво, транспорт и складирање силно растат. Тие се двигатели на македонската економија.

Во вториот квартал, секторот градежништво порасна за 7,3 отсто – уште посилен раст од тој во првиот квартал, кога изнесуваше 7,1 процент, додека секторот транспорт и складирање порасна за 6 отсто, напиша вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на својот Фејсбук профил.

Николоски е уверен дека растот во третиот квартал ќе биде уште посилен:
„Со засилената активност во делот на изградба на патишта, инвестиции во железници и проекти од локално значење, растот во третиот квартал ќе биде уште посилен, благодарение на вредните работници кои работат во секојвакви временски услови, и јасните политики и стратегија на Владата и Министерството за транспорт“, истакна вицепремиерот Николоски.