Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

🎥 Позитивниот тренд засилува – раст на македонската економија од 3.4% во вториот квартал

Засилуваат позитивните трендови на македонската економија. Државната статистика измери раст на БДП…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Засилуваат позитивните трендови на македонската економија. Државната статистика измери раст на БДП од 3.4% во вториот квартал годинава во споредба со истиот период лани.

Предводи градежништво со раст од 7.3 %, по што следуваат трговијата и сервисните дејности со раст од 6.0 %. Преработувачката индустирја која е еден од најважните индикатори, има раст од 4.3%, а рударството од 3.9%.

Позитивен податок има и кај трговската размена – со 9.1 однсно 8.0% извозот расте побргу од увозот со што се намалува трговскиот дефицит.

Реклама

Според премирот Христијан Мицкоски ова е доказ дека македонската економија оди напред, и дека Македонија има меѓу најдобрите резултати во регионот.

Денеска државниот завод за статистика објави податок дека бруто домашниот производ во Македонија во вториот квартал, е пораснат за 3,4 проценти. Тоа значи дека во моментот се објавени од рамките на Евростат, податоци за растот на БДП за вториот квартал за 28 европски земји. Македонија го дели третото место со Хрватска , пред нас се Ирска и Кипар. Сите останати земји во регионот , поширок и потесен се позади Македонија. Ова е веќе четврти квартал кога имаме раст на БДП повеќе од 3 проценти заедно со оваа Влада. Првиот квартал беше третиот од минатата година кога имавме 3 проценти, па четвртиот 3,2 па првиот од оваа година 3,2 , а сега е 3,4, изјави Христијан Мицкоски – претседател на Владата.

Премиерот очекува до крајот на годината Македонија да има и квартал кога ќе ја пробие границата на 4 % со што уште еднаш ќе се демантирале конструкциите и лагите на опозициските партии дека на економијата не и одело добро.