СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот, особено по, како што велат, контрадикторните изјави на премиерот Мицкоски и директорот на АНБ Христовски.
Според СДСМ, Мицкоски тврдел дека наводно бил прислушуван, а директорот на АНБ кажувал дека станува збор за „прибирање информации за таргетирани лица“.
