Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Прилози

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Мислат дека како што тие се однесуваа кон државата и кон граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мислат дека како што тие се однесуваа кон државата и кон граѓаните – лажејќи, ограбувајќи и понижувајќи ги, така сите се однесуваат – премиерот Мицкоски остро и возрвати на опозициската СДСМ по обвинувања дека власта направила договор под маса во однос на изградбата на дата-центрите. Според него, паниката што ја шири опозицијата е тотална невистина, незнаење и непознавање, а тој како премиер се срами што тие луѓе кои ги испраќаат овие пораки имаат политичка тежина и водат политички партии. 

  • Ние немаме намера како Влада, а тоа сме го покажале во овие 25-26 месеци, ништо да правиме под маса. Добро знаете дека секоја странска инвестиција или инвестиција која што е стратешка ја објавуваме јавно, транспарентно и тука нема никаква дилема да има. Тоа што го слушам овие 2-3 дена се обидувам како инженер да не го коментирам бидејќи тоа што го слушам претставува тотална невистина, незнаење и непознавање и понекогаш и се срамам што тие луѓе кои ги испраќаат овие пораки имаат политичка тежина и водат политички партии. Нема да навлегувам во суштината бидејќи мислам дека не заслужуваат суштински одговор на техничко ниво бидејќи манифестираат тотално непознавање – рече Мицкоски.

Во однос на проектот во Пехчево, премиерот вели дека државата нема ништо со тоа, дека станува збор за приватна иницијатива и станува збор само за предлог на нацрт-урбанистички план. А кога државата ќе прави или ќе преземе инстутуцинлен ризик за изградба на ваков објект, за што веќе има заинтересирано странски комапнии, тогаш, според Мицкоски, тоа ќе биде јавно, и транспарентно направено.

  • Преговараме со најмалку пет, шест можни инвеститори, а еден од нив е позната мултинационална компанија. И нема да отстапиме од тој чекор ни милиметар – истакна премиерот.

Рекацијата на премиерот следи по обвинувањата на опозициската СДСМ и нивниот лидер Венко Филипче дека не само што изградбата на ваквите центи ќе било штетно, туку и дека владата тајно преговарала со инвеститори. Филипле дури и си ја препиша заслугата што проектот во Пехчево во моментов е стопиран. Интересно е што токму овој дата-центар беше повод, и сопартиецот на Филипче, екс премиерот Ковачевски, на социјалните мрежи да си направи мајтап со тие што се против проектот во Пехчево.