Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Тројца македонски државјани загинаа, а двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Словенија

Тројца државјани на Македонија загинаа во судир помеѓу автомобил и запрен камион,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тројца државјани на Македонија загинаа во судир помеѓу автомобил и запрен камион, додека двајца други се повредени, во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на приморскиот аватопат близу Унец, во Словенија.  

Според првичните сознанија, несреќата се случила кога поради дефект, камионот застанал во просторот за запирање, а возачот на автомобилот удрил во задниот лев дел од приколката од, засега непозната причина.

Во моментот на несреќата во автомобилот имало пет лица, сите државјани на Македонија. Лекарот ја потврдил смртта на три лица на самото место. Едно тешко повредено лице е пренесено во болница со хеликоптер, додека повредениот возач е пренесен со амбулантно возило.

Реклама

Како што информираат од Словенечки Автомото, несреќата била пријавена во 16:28 часот. Веднаш биле испратени неколку полициски патроли, а интервенирале и пожарникари.

Извршен бил увид од државен обвинител и истражен судија. Се очекува полицијата да објави повеќе информации за сообраќајната несреќа, по истражните дејствија.