Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Владата трета година по ред со мерка за поевтин школски прибор

По третпат по ред, пред почетокот на учебната година Владата предводена од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По третпат по ред, пред почетокот на учебната година Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воведува мерка за поевтин школски прибор до 10% пониски цени во големопродажба и 15% во малопродажба, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Целта е родителите да имаат помали трошоци во периодот кога семејните буџети се дополнително оптоварени со подготовки за училиште.

Мерката опфаќа производи што секое семејство ги набавува за почетокот на годината како ранци, тетратки, блокови, пенкала, моливи, боици, фломастери и друг неопходен училишен прибор.

Реклама

Трговците ќе мора јасно да ја истакнат и претходната и новата цена. Како референтна се зема цената што важела на 1 јуни 2026 година, па граѓаните можат веднаш да видат колкаво е реалното намалување.

Мерката ќе важи до 30 септември 2026 година, со што им се овозможува на семејствата во овој период да ги набават потребните производи по пониски и транспарентно означени цени.

Ова е конкретна мерка со директен ефект врз семејниот буџет помалку трошоци за родителите, јасни цени и полесен почеток на новата учебна година за секое дете.